• понеделник, 23 декември 2024

Холандскиот, шведскиот и австрискиот премиер за миграцијата во ЕУ

Холандскиот, шведскиот и австрискиот премиер за миграцијата во ЕУ

Брисел, 17 октомври 2024 (МИА) – Холандскиот премиер Дик Шоф изјави дека не очекува конкретни договори за миграцијата на состанокот на Европскиот совет, но истакна дека во Европа има „поинаква атмосфера“ кога станува збор за дебатата за миграцијата.

Тој додаде дека Европската комисија „позитивно гледа“ на италијанското решение, во кое е вклучена и Албанија, откако земјата неодамна почна да транспортира мигранти по морски пат од својата територија до центри со кои управува во Албанија.

Шоф ја нарече „сериозна идеја“ можноста за поставување локации за распоредување мигранти во Уганда.

Тој, исто така, оцени дека миграцискиот предизвик со кој се соочува Полска, чиј премиер Доналд Туск планира привремено да го суспендира правото на азил како дел од стратегијата за намалување на илегалната миграција на минимум, „не е нормален миграциски проблем“.

Шоф тврди дека Русија и Белорусија „намерно ги користат миграциските текови во хибридна војна“ и изрази надеж дека Советот на ЕУ ќе може да и помогне на Полска.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека има „голема почит“ кон Полска.

- Како што ја заостривме шведската миграциска политика, миграцијата во Шведска се намали и продолжи да расте кон Европа, рече Кристерсон.

Австрискиот канцелар Карл Мехамер изјави дека неговата земја стои „зад фактот дека луѓето можат да се вратат во Сирија и Авганистан“.

Тој додаде дека ЕУ треба да им покаже на луѓето дека блокот е способен да донесува одлуки и подобро да ги штити своите надворешни граници.

Нехамер рече дека многу бегалци се враќаат во Сирија бидејќи денес е побезбедна во споредба со Либан, што докажува дека Сирија може да се смета за безбедна.

Миграцијата е една од главните теми на денешниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел. јт/

Фото: Х

Остани поврзан