• понеделник, 23 декември 2024

Холандската Изборна комисија ја потврди победата на екстремната десница

Холандската Изборна комисија ја потврди победата на екстремната десница

Амстердам, 1 декември 2023 (МИА) - Холандската изборна комисија денеска ја потврди победата на екстремно десничарската Партија на слободата на Герт Вилдерс на парламентарните избори.

Вилдерс, кој е познат по своите исламофобични ставови, сега треба да најде коалициски партнери за да формира нова влада.

Холандската изборна комисија потврди дека Партијата на слободата освоила 37 од вкупно 150 места во Долниот дом на холандскиот Парламент.

Како што пренесуваат странските агенции, во високо фрагментираниот политички систем на Холандија, каде што ниту една партија не е доволно силна за да управува сама, вообичаено се потребни месеци по парламентарните избори за да се формира владина коалиција. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан