Бројот на коцкари во Холандија нагло се зголемува
- Бројот на млади луѓе кои се коцкаат се зголеми на речиси 300.000 во Холандија откако земјата го легализираше онлајн коцкањето во 2021 година, соопшти Холандската управа за игри на среќа.
Амстердам, 16 декември 2024 (МИА) - Бројот на млади луѓе кои се коцкаат се зголеми на речиси 300.000 во Холандија откако земјата го легализираше онлајн коцкањето во 2021 година, соопшти Холандската управа за игри на среќа.
Бројот на активни онлајн сметки за коцкање регистрирани на млади на возраст од 18 до 24 години оттогаш се зголеми за 340 отсто на речиси 300.000, се вели во соопштението.
Една четвртина од активните онлајн сметки за коцкање припаѓаат на возрасната група од 18 до 24 години, што сочинува помалку од 10 отсто од возрасната популација во Холандија, објави „НЛ Тајмс“.
Како што беше посочено, младите често имаат сметки на повеќе веб страници за коцкање. рп/
Фото: МИА архива