• недела, 22 декември 2024

Хисени за балансерот: Минчев и Димитриевски да се однесуваат како извршна власт, да не се користи случајот за политички поени

Хисени за балансерот: Минчев и Димитриевски да се однесуваат како извршна власт, да не се користи случајот за политички поени

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Портпаролот на Коалицијата „Влен“, Фари Хисени реагирајќи на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата со балансерот е завршена работа, им порача на министерот и на претседателот на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија Максим Димитриевски да излезат од предизборната кампања и да се однесуваат како извршна власт.

-И министерот Андонов рече дека додека да се донесе Законот за правична застапеност, останува активен инструментот што се користел до денеска. Порачувам до Димитриевски и Минчев да се однесуваат како извршна власт, да се однесуваат како дел од оваа Влада и нека излезат веќе од предизборната кампања, нека излезат од тие националистички изјави и пристап кон јавноста и да не го користата случајот за да направат поделби и за политички поени. Бидејќи на крај на краиштата ЗНАМ не е некој голем фактор во оваа Влада, рече Хисени.

Од 120 годишни планови за вработување кои институции од јавниот сектор  ги пратиле во Министерството за јавна администрација за одобрување, само пет добиле позитивно мислење од МЈА, а останат

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вчера истакна дека нема намера да провоцира ниту еден од коалиционите партнери, туку, спроведуваат исклучиво закони.

-Немам намера да провоцирам ниту еден од нашите коалициони партнери. Ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на коишто е договорена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработени во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Македонија, а тоа е резидентното население согласно податоците од последниот попис. Се надевам дека колегите од Вреди ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно политички теми, рече Минчев.

Минчев одговарајќи на новинарски прашања повтори дека пресметката во балансерот, односно правичната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, се однесува исклучиво на резидентното население, односно на сите жители кои живеат на територијата на државата. фф/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан