• недела, 30 јуни 2024

ХЕРА организира национална конференција за сексуално образование во училиштата

ХЕРА организира национална конференција за сексуално образование во училиштата
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска организира прес-конференција по повод претстојната Национална конференција „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“. Како што е најавено, на конференцијата ќе учествуват претставници на професионални стручни здруженија и граѓански организации, политички партии и пратеници, амбасадори од земјите на ЕУ и европскиот регион. Тие ќе ги споделат добрите пракси кои постојат во земјите на ЕУ и ќе изразат поддршка за воведување на сеопфатното сексуално образование во формалниот образовен систем во земјава.

На конференцијата ќе биде претставена Декларацијата „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“, која ја потпишаа релевантни стручни здруженија и граѓански организации.

На прес-конференцијата ќе се обратат претставници на ХЕРА, на Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, од Македонското здружение на гинеколози и опстетричари, Институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“ и Здружението на социјални работници. мд/вг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан