• петок, 22 ноември 2024

ХЕРА: Важно е да се разбере и прифати родовата еднаквост како основа за градење инклузивно општество

ХЕРА: Важно е да се разбере и прифати родовата еднаквост како основа за градење инклузивно општество

Скопје, 4 јуни 2024 

Со проекција на краток филм и танцов перформанс изведен од танчерите на Скопје танцовиот театар денеска во Струга заврши серијата настани „Простор за разговор“ чија главна цел е подигање на свеста за родовата еднаквост. Низ културен активизам и интеракција со публиката целта на овој настан беше отворено да се зборуваме за родовата нееднаквост, за стереотипите и за маргинализирањето на групи лица во општеството, но и да се изнајде решение за создавање на инклузивно општесво во кое секој поединец ќе го достигне својот потенцијал.

Рисима Рисимкин, универзитетски професор и уметник рече дека со настанот во Струга се заокружува турнејата на перформансот „Простор за разговор“, кој низ малку поинква културна призма ја бодри публиката отворено да зборуваат за прашања кои се од огромно значење за нивниот личен развој.

„Сакаме да ги поттикнеме младите да разговараат за родовата еднаквост, бидејќи сметаме дека е многу важно во секоја средина да се објасни пред се што значи родовата еднаквост и на кој начин треба да се делува во самата средина“, рече Рисимкин.

Ева Спасевска од ХЕРА истакна дека младите треба да знаат колку е клучно секој од нас да биде вклучен во сите процеси за да може да го постигне својот целосен потенцијал.

„Нееднаквоста помеѓу жените и мажите ги зајакнува традиционалните улоги и доведува до ситуација во која жените не можат да го постигнат својот професинонален и личен раст и развој. Стереотипите и дискриминацијата се причина за исклучување на жените од различни општествени сфери како што се образованието, вработувањето, па се до здраствената нега и до политичкото учество, освен ако тоа не е дефинирано со квоти. Токму затоа сите ние заеднички се стремиме преку вакви настани да ја разбереме и прифатиме родовата еднаквост која е основа за слободен израз и остварување“, рече Спасевска. 

Психологот Небахат Имери, вели дека родовата еднаквост посебно помеѓу младите е многу важна, да се надмине патријахалното воспистување и да се срушат бариерите. 

„Потребата до рамномерен пристап до образование, здравство, култура, наука и живеење без насилство е потреба за секој млад што живее во нашата држава. Адолесценцијата е клучен период каде младите креираат или развиваат родови стереотипи и клучни одлуки како ќе продолжат понатаму да си го живеат животот. Во овој период многу е важно момчињата и девојчињата да вложат труд во себе и да ги рушат овие вкоренети стереотипи“, рече Имери.

Настаните се во организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект  за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан, како и од Фондацијата Фридрихт Еберт.

Претходно исти вакви настани се одржаа во Куманово, Штип, Велес, Битола и Охрид. 

ХЕРА

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ХЕРА

 

 

Остани поврзан