• петок, 05 декември 2025

Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре

Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре

Штип, 27 март 2025 (МИА) - Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утре, потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев.

Двајцата поранешни градоначалници беа во ефективен  притвор поради трагедијата во дискотеката во Кочани.

Делев посочи дека предметот е пристигнат денеска, по што кривичниот судски совет утре ќе го разгледува и веднаш ќе одлучи. Одлуката ќе ја објави веднаш на веб страницата на Судот. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан