• понеделник, 23 декември 2024

Хелсиншки комитет: Институциите да ја заштитат малолетната жртва, а не дополнително да ја виктимизираат

Хелсиншки комитет: Институциите да ја заштитат малолетната жртва, а не дополнително да ја виктимизираат
Скопје, 11 февруари 2020 Откако излезе веста за единаесетгодишното девојче во поодмината бременост, кое по извршен увид од страна на вонредниот инспекциски надзор на Министерство за труд и социјална политика, била посетена во малиот групен дом во Берово каде била згрижена, Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на начинот на кој овој случај првично беше презентиран во јавноста. Во случајот се работи за малолетно лице на кое му било обезбедено интервентно сместување во мал групен дом од страна на Центарот за социјална работа во Кочани заради заштита во кризна состојба. Согласно Законот за социјална заштита, привремен престој, интервентно згрижување и специјализирано згрижување се услуги преку кои се обезбедува заштита, згрижување и поддршка на лица кои се наоѓаат во кризна состојба и жртви на насилство, кои можат да бидат и деца. Во конкретниот случај, откриени се доверливи податоци за случајот, вклучително и локацијата каде се наоѓа малолетното лице, што претставува кршење на одредбите за доверливост на корисниците на услуги од социјална заштита, со што дополнително се виктимизира малолетна жртва. Во духот на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за правата на детето, Министерството за труд и социјална политика треба да постапува во најдобар интерес на детето, кое во случајов е жртва и да изготви соодветен индивидуален план за понатамошно постапување во случајот. Од исклучителна важност е малолетното лице да биде безбедно згрижено и понатаму и да се превенира какво било натамошно изложување на ризик. Дополнително, според досегашните сознанија случајот е веќе пријавен во полиција и поднесена е соодветна кривична пријава. Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе продолжи да го следи постапувањето на надлежните органи по овој случај, вклучувајќи го Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Хелсиншки комитет за човекови права ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан