• четврток, 26 февруари 2026

Романска делегација го посети „Сапорт Кочани“

Романска  делегација го посети „Сапорт Кочани“

Кочани, 5 февруари 2026 (МИА) - „Сапорт Кочани“ доцна попладне објави дека денеска членови на граѓанската иницијатива во @thenest_kocani  оствариле средба со делегација од Романија, предводена од државниот секретар за цивилна заштита во Министерството за внатрешни работи на Романија, Раед Арафат, амбасадорката на Романија во Македонија, г-Моника Аксинте,  заменик-амбасадорот Вероника Чиолта и со експертот за психотерапија, Дјакону.

-Разговаравме за патот на „Support Kočani“ - од нашите почетоци, преку предизвиците со кои се соочувавме, до визијата што ја градиме за иднината на Кочани, како и за проекти што ги планираме да се спречи иселувањето на младите од нашиот град, информираат волонтерите од „Сапорт“ кои досега во три наврати на починатите и повредените во трагедијата од 16 март лани, распределија донации во вредност од 23 милиони денари.

Во разговорите, посочија, се осврнавме и на искуствата од Романија по трагедијата во клубот „Колектив“ во Букурешт, како и на сличностите со трагедијата во Кочани.

-Преку тие примери добивме силна порака на охрабрување - дека делиме иста болка но и дека истрајноста, начинот на кој работиме и вредностите што ги негуваме се јасен знак дека Support Kočani ќе опстане и ќе продолжи да расте, стои на крајот од соопштението за јавноста на волонтерите од „Сапорт Кочани“. ис/вј/

Фото: „Сапорт Кочани“

 

Остани поврзан