• сабота, 06 јули 2024

Хезболах тврди дека испукале над 200 ракети кон цели во Израел

Хезболах тврди дека испукале над 200 ракети кон цели во Израел

Бејрут, 4 јули 2024 (МИА) - Либанскиот Хезболах денеска објави дека истрелал повеќе од 200 ракети врз неколку воени бази во Израел како одговор на вчерашниот напад во кој загина еден од нивните команданти.

Денешниот напад на проиранската екстремистичка организација е еден од најголемите во повеќемесечниот конфликт долж либанско-израелската граница.

Израелската армија веднаш не го коментираше нападот, а во средата потврди дека го убиле Мохамед Намех Насер, кој раководел со една од трите регионални дивизии во јужен Либан.

Неколку часа подоцна, Хезболах истрела десетици ракети кон северниот дел на Израел и окупираната Голанска Висорамнина.

Во денешното соопштение на шиитскиот Хезболах беше прецизирано дека пет позиции биле цел на ракети од различен тип. зш/

Остани поврзан