• недела, 22 декември 2024

Владата на Стармер ќе ја прекине програмата за депортирање на баратели на азил во Руанда

Владата на Стармер ќе ја прекине програмата за депортирање на баратели на азил во Руанда

Лондон, 6 јули 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска потврди дека неговата новоформирана влада нема да ја продолжи политиката на неговиот претходник за депортирање на баратели на азил во Руанда, додавајќи дека веќе ниту еден авион нема да полета за оваа африканска земја, јавија британските медиуми.

-Шемата во Руанда беше мртва и закопана пред и да почне. Таа никогаш не беше фактор за запирање ( за пресекувањето на Ла Манш со мали бродови), рече Стармер на прес-конференција.

„Не сум подготвен да продолжам со трикови, што не делуваат како фактот на одвраќање“, додаде тој.

Откако виде дека пропадна ветувањето на Риши Сунак за „запирање на чамците“, додека повеќе од 300 милиони фунти беа потрошени за шемата во Руанда без ниту еден лет за евакуација, лабуристите им дадоа уште едно ветување на гласачите - „да ги разбијат криминалните банди со бродови“, соопшти Гардијан.

Весникот истакна дека во манифест на партијата се наведува дека таа ќе создаде нова Команда за гранична безбедност, вклучувајќи стотици специјалисти истражители, разузнавачи и прекугранични полицајци.

Новата влада планира да ги искористи парите заштедени од откажувањето на политиката на Руанда за финансирање на единицата за „гонење, пресретнување и апсење на одговорните за оваа злобна трговија“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан