Хезболах изврши ракетен напад во близина на Тел Авив, ИДФ во нов напад врз Бејрут
- Либански Хезболах изврши втор ракетен напад врз поширокото подрачје на Тел Авив, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Либански Хезболах изврши втор ракетен напад врз поширокото подрачје на Тел Авив, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
Неколку проектили погодија отворени области во централен Израел. Ниту една сирена не била активирана бидејќи немало закана за населените места, соопшти војската.
Во меѓувреме, ИДФ денеска изврши нов напад во близина на либанскиот главен град Бејрут.
Либанските медиуми објавија за најмалку два напада, од кои едниот погодил локација во близина на меѓународниот аеродром, во близина на иранската амбасада во предградие на Бејрут.
Сликите и видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат значителна штета, при што два ката од една зграда се целосно уништени.
Засега нема информации за повредени. зш/