• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хегсет испратил порака за планираниот напад врз Хутите во Јемен, покажува скриншот објавен од Атлантик

Хегсет испратил порака за планираниот напад врз Хутите во Јемен, покажува скриншот објавен од Атлантик

Вашингтон, 26 март 2025 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет испратил писмена порака за времето на планиран атентат на борец од Хутите во Јемен на 15 март, како и други детали за претстојни американски воздушни напади, покажува скриншот од разговорот публикуван од „Атлантик“.

Хегсет негираше дека испраќал пораки за воени планови, а претседателот Доналд Трамп, како што пренесуваат странските агенции, се обидува да се справи со последиците од откритието дека главниот уредник на „Атлантик“ Џефри Голдберг бил вклучен во групен разговор на апликацијата за пораки Сигнал со највисоките советници на претседателот за национална безбедност за да го координира започнувањето на офанзивата во Јемен.

Администрацијата на Трамп вчера соопшти дека во разговорот не биле споделени доверливи информации. 

Голдберг, кој најверојатно по грешка бил вклучен во разговорот, првично одбил да објави детали, но тоа го сторил денеска, јави Би-Би-Си. Новинарот својата постапка ја оправда со обвинувања од Белата куќа дека лаже. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан