• понеделник, 16 септември 2024

Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан

Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан

Баку, 15 септември 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Естебан Окон од Алпин ќе стартуваат од боксот поради промена на моторот на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Хамилтон вчерашните официјални квалификации ги заврши на седмото место, но поради промената на погонската единица ќе мора да стартува од боксот. Окон го зазеде последното, 19. место во квалификациите.

Од првата позиција ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Големата награда на Азербејџан ќе се одржи денеска од 13 часот во Баку. дс

Фото: Архива

Остани поврзан