• сабота, 15 февруари 2025

Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Газа, 16 јануари 2025 (МИА) – Властите на Хамас во Појасот Газа соопштија дека најмалку 71 Палестинец се убиени по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.

Според портпаролот на цивилна одбрана во Појасот Газа, најголемиот број од жртвите се во градот Газа, а помеѓу загинатите има деца и жени.

Информациите не се независно проверени.

Израелската армија соопшти дека ги истражува извештаите. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан