• недела, 18 август 2024

Хамас: САД не се одлучни за примирје во Газа

Хамас: САД не се одлучни за примирје во Газа

Техеран, 18 август 2024 (МИА) - Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Осама Хамдан, изјави дека Соединетите Американски Држави немаат вистинска волја да воспостават прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој рече дека предлогот на САД не вклучува никаков прекин на огнот или повлекување на војниците од Газа, пренесуваат иранските медиуми, повикувајќи се на палестинската агенција Шехаб.

Хамдан истакна дека потенцијалниот прекин на огнот мора да гарантира јасни критериуми, вклучувајќи ја и слободата на палестинските затвореници.

Висок член на Хамас додаде дека САД се обидуваат да му дадат, како што рече, „доволно време на окупаторскиот израелски режим да изврши нови масакри“.

Преговорите за прекин на огнот во Газа, со посредство на Катар, Египет и САД, а во кои Хамас не учествуваше, завршија во петокот во Доха. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан