• среда, 15 јануари 2025

Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

Доха, 14 јануари 2025 (МИА) – Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Претставникот на Израел истакна дека е постигнат напредок, а се финализираат деталите.

Планот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците треба да биде поднесен до израелската Влада на конечно одобрување.

Катар денеска соопшти оти Израел и Хамас се многу блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците.

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал Ансари тековните преговори во Катар ги оцени како позитивни и продуктивни, но не наведе детали.

Катар, повеќе од една година, е клучен посредник во индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан