• вторник, 05 ноември 2024

Хакирана страницата на албанската ЦИК

Хакирана страницата на албанската ЦИК
Тирана, 25 април 2021 (МИА) - Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК), Илирјан Целибаши на пресконференција информирајќи за текот на изборниот процес, изјави  дека тој се одвива без значителни проблеми, дека излезеноста расте, но оти попладнево е хакирана интенет страницата на ЦИК. Тој додаде дека имало спорадични случаи на привремено прекинување на гласањето, главно поради нефункционирањето на електронската идентификација, и оти на 144 избирачки места идентификацијата се врши рачно. - Само на 144 од вкупно 5.199 гласачки места идентификација се врши рачно. Постојат спорадични случаи, привремено прекинување на гласањето и поради други проблеми, обид за фамилијарно гласање, фотографирање на гласачко ливче. Сепак немаше ниту еден проблем што може да го загрози процесот, рече Целибаши. Што се однесува до одѕивот на гласачите таа до 14 часот изнесува 35,59 отсто од вкупно запишаните 3.588.869 лица со право на глас. Најависок одѕив е забележан во округот Пешкопеја или 41,34 отсто, по што следува Тирана 39,69 отсто, додека најниска има во Валона 25,88 отсто. Гласањето почна во седум и ќе трае до 19 часот, кога ќе бидат затворени сите гласачки места. Текот на гласањето го следат набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, на ЕУ и на САД. Во Мала Преспа, која е дел од изборната единица Корча, гласањето го следеше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски, кој посака мирни и демократски избори. вт/ми/

Остани поврзан