• среда, 06 ноември 2024

ФУЕН и ЦС на Македонците во Германија ја честитаа 15-годишнината од формирањето на МД „Илинден“

ФУЕН и ЦС на Македонците во Германија ја честитаа 15-годишнината од формирањето на МД „Илинден“

Тирана, 7 февруари 2024 (МИА) – По повод одбележувањето на 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“-Тирана доби честитки од асоцијации со кои има плодна соработка.

Во повеќето честитки е и онаа на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, каде друштвото е полноправна членка.

- Среќен роденден на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, организација членка на ФУЕН. Формирано е пред 15 години со цел да го заштити и афирмира етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот, историскиот и државниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Посакуваме понатамошна активности во интерес на македонското малцинство и плодна соработка, посакува ФУЕН.

Честитка пристигна и од Централниот совет на Македонците во Германија.

- Срдечни честитки до Македонското друштво „Илинден“ во Тирана за неговиот 15-годишен јубилеј. Вашиот неуморен труд и посветеност за македонската заедница во Албанија имаат значаен позитивен удел. Ви посакуваме уште многу години на успешна работа и партнерство. Честитки за постигнатите успеси и ви посакуваме сè најдобро во иднина, стои меѓу другото во честитката од Централниот Совет на Македонците во Германија.

Својот 15-годишен јубилеј македонското друштво „Илинден“-Тирана го одбележа вчера со пресек на значајните постигнувања во текот на изминатите години. Исто така раководството донесе одлука за доделување почесна награда „Илинден“ и 6 благодарници.

Истите се доделуваат на институции и поединци за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. вт/ир

Остани поврзан