• петок, 22 ноември 2024

Фудбалерките на „Каменица Саса“ убедливи во пресметката со ЖФК „Истатов“

Фудбалерките на „Каменица Саса“ убедливи во пресметката со ЖФК „Истатов“
Македонска Каменица, 14 мај 2022 (МИА) - Актуелниот државен шампион во женски фудбал,  ЖФК „Каменица Саса“ забележа убедлива победа над тимот на ЖФК ,,Истатов" во рамки на 19. коло од Првата фудбалска лига за жени. Во натпреварот што се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, домаќинките со 4:1 беа супериорни во однос на гостинките од Дојран, со што освоија нови три бода и ја задржаа високата позиција на табелата. Головите за домашната екипа ги постигнаа  Мила Талевска, која двапати прецизно стрелаше и „странците“ во тимот Ангелика Икеда и Пејтон Чик, кои постигнаа по еден гол. - Забележавме нова победа и нови три бода. Одигравме динамичен натпревар. Многу интересни ситуации на двете страни. Имаме победа против младата и одличната екипа од Дојран, изјави по натпреварот тренерот на победничката екипа Зоран Златковски. Тој додаде дека ова е значајна победа, по која мислите ги насочуваат кон големото Куп финале, кое в среда каменичанки го играат во Скопје. Денешниот натпревар поради дождот се одигра во отежнати услови, На мечот за ЖФК „Каменица Саса“ не настапи стандардниот првотимец Ана Димитровска, која на претходниот натпревар се здоби со повреда. вс/сп/

Остани поврзан