• четврток, 04 јули 2024

Франција привремено го зајакнува военото присуство во Источниот Медитеран

Франција привремено го зајакнува военото присуство во Источниот Медитеран
Атина, 13 август 2020 (МИА) – Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша претседателот на Франција Емануел Макрон на социјалните мрежи, откао претходно телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. -Ситуацијата во Источниот Медитеран е загрижувачка. Едностраните одлуки на Турција за нафтени истражувања предизвикуваат тензии. Тие мора да прекинат за да се дозволи мирен дијалог меѓу соседните земји и сојузници во НАТО. Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша Макон на „Твитер“, како на француски, така и на грчки јазик. На твитот на претседателот на Франција, му одговори Мицотакис, му се заблагодари и на француски јазик напиша дека „Емануел Макрон е вистински пријател на Грција, но и силен бранител на европските вредности и меѓународното право“. За ситуацијата во Источниот Медитеран и за турските активности и начините за справување, синоќа, телефонски разговарале Макрон и Мицотакис. Грчкиот премиер на истата тема разговараше и со претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сиси и се договориле колку е можно побргу, двете земји да го ратификуваат договорот за одредување на Ексклузивната економска зона. ср/

Остани поврзан