• вторник, 26 ноември 2024

Јапонски суд и наложи на Владата да ги обесштети лицата кои биле присилно стерилизирани

Јапонски суд и наложи на Владата да ги обесштети лицата кои биле присилно стерилизирани

Токио, 4 јули 2024 (МИА) - Јапонскиот Врховен суд и нареди на Владата да плати соодветна отштета на десетина инвалиди кои беа насилно стерилизирани според сега веќе непостоечкиот Закон за заштита на евгениката, кој беше донесен за да ги спречи тие луѓе да имаат деца.

Судот рече дека Законот за евгеника од 1948 година е неуставен и го отфрли тврдењето на Владата дека 20-годишниот рок на застареност треба да ја спречи исплатата. Судијата Сабуро Токура пресуди дека обвинетите биле дискриминирани поради нивната попреченост.

Околу 10.000 пациенти со лепра беа исто така меѓу оние кои беа стерилизирани додека беа затворени во изолациски установи. Во 1996 година беше укинат Законот за спречување лепра, што им овозможи да бидат дел од општеството.

Владата им понуди компензација и се извини за политиката на присилна изолација. Како што се наведува, речиси 60.000 жени абортирале поради наследни болести. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан