• сабота, 20 јули 2024

Франција дефинитивно ја угаси нуклеарната централа Фесенхајм

Франција дефинитивно ја угаси нуклеарната централа Фесенхајм

Париз, 30 јуни 2020 (МИА) – Нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција на самата граница со Германија од ноќеска повеќе не функционира, откако во 23 часот беше исклучен вториот реактор, јави дописникот на МИА.

Фесенхајм е најстарата француска нуклеарна централа и таа работеше во текот на изминатите 43 години на брегот на Рајна.

Демонтирањето на нуклеарната централа, прво од ваков вид во Франција ќе трае повеќе децении , се до 2040 година. Најпрво во 2023 година треба да заврши вадењето на горивото кое е високо радиоактивно, а самото демонтирање започнува во 2025 година. Во Франција има уште 56 реактори од ваков вид кои се  активност. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан