• среда, 16 октомври 2024

Франција го продолжи полицискиот час на островот Мартиник

Франција го продолжи полицискиот час на островот Мартиник

Париз, 15 октомври 2024 (МИА) - Полицискиот час на францускиот остров Мартиник, каде има протести, е продолжен за уште една недела, соопшти локалната власт на карипскиот остров.

Администрацијата на островот ја продолжи мерката до 21 октомври. На граѓаните им е дозволено да патуваат или да ги напуштат своите домови само од деловни или здравствени причини.

Првичните ограничувања, кои вклучуваа забрана за купување производи што можат да се користат за подметнување пожар, требаше да завршат на 14 октомври, но локалната администрација соопшти дека ги продолжува „за да се осигура безбедноста на луѓето и имотот“.

Во француските територии како Мартиник, Гвадалупе и Нова Каледонија често има протести поради незадоволството што животниот стандард е многу понизок отколку во континентална Франција. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан