• петок, 27 декември 2024

Обвинителството во Франкфурт ја прекина истрагата за перење пари против милијардерот Алишер Усманов

Обвинителството во Франкфурт ја прекина истрагата за перење пари против милијардерот Алишер Усманов

Франкфурт, 4 ноември 2024 (МИА) - Обвинителството во Франкфурт ја затвори истрагата за перење пари против руско-узбекистанскиот милијардер Алишер Усманов, соопштија денеска неговите адвокати.

„Ние секогаш инсистиравме дека нашиот клиент е невин“, рекоа тие, нарекувајќи ја пресудата важен чекор кон заштита на угледот на Усманов.

Усманов, според индексот на милијардери на Блумберг, има богатство од околу 14,4 милијарди долари, собрано од активности во областа на рударството, индустријата, телекомуникациите и медиумите.

Неговите адвокати рекоа дека по повеќе од две и пол години истрагата не ги докажала главните обвиненија против него, вклучително и тоа за перење пари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан