• сабота, 17 август 2024

Фофана го засилува Милан

Фофана го засилува Милан


Милано, 16 август 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Милан го договори трансферот на Јусуф Фофана (25) од француски Монако, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, трансферот е вреден 23 милиони евра и дополнителни два милиони евра во бонуси.
Францускиот репрезентативец денеска се очекува да пристигне во Милано на задолжителните медицински прегледи и најдоцна до сабота ќе стави потпис на четиригодишен договор со Милан.
Фофана минатата сезона забележа 32 настапи во Лига 1, постигнувајќи четири голови во дресот на Монако, каде дојде во сезоната 2019-2020 од Стразбур. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан