• понеделник, 23 декември 2024

Форум „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“

Форум  „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Форумот за разумни политики, во соработка со партнерските организации Институтот за општествени и хуманистички науки и Балканскиот институт за регионална соработка, денеска во Скопје организира тематски форум „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“.

Според организаторите, целта на форумот е да биде иницијална точка на соработка помеѓу претставници на релевантните институции, академската и граѓанската заедница со кои, како што истакнуваат, ја делиме заедничката визија за доследна примена на Болоњскиот процес, особено за неговата темелна вредност-мобилност преку измени во Законот за високо образование.

-Најпрво, преку форумот сакаме да информираме повеќе за досегашните наши заложби на темата за поквалитетно високо образование, а потоа заеднички да ги одредиме следните чекори кои ќе водат кон создавање соодветна клима за поефикасно застапување. Во овој процес, медиумите ги гледаме како партнери кои континуирано ќе учествуваат во подигнување на јавната свест за темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација, стои во соопштението.

Форумот се реализира во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. вг/лв/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан