• понеделник, 23 декември 2024

Формула 1 ќе го напушти четиридневниот формат на ГН на Монако

Формула 1 ќе го напушти четиридневниот формат на ГН на Монако
Лондон, 23 септември 2021 (МИА) – Раководителот на Формула 1 Стефано Доменикали соопшти дека од следната сезона ГН на Монако ќе се одржува во нов формат. За разлика од другите етапи, првите тренинзи во Монте Карло традиционално се одржуваат во четврток, а петокот е посветен на забави и социјални настани. Од 2022 година, форматот за Гран при на Монако ќе стане стандарден. - Етапата во Монако ќе се одржи во рок од три дена: петок, сабота и недела, а не четврток, сабота и недела. Оваа промена ќе се случи следната година, рече Доменикали. Претставникот на Автомобилскиот клуб на Монако, Ричард Мику ги сподели деталите. - Големата награда на Монако ќе биде тридневен настан за Ф1 и четиридневен настан за АЦМ. Во четврток ќе имаме трки за поддршка и нашата организација работи на распоредот. зс/

Остани поврзан