„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила
- Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални.
Вашингтон, 27 јуни 2023 (МИА) - Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал.
За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата.
Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални.
Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници.
Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година. кб/ сд/