Фон дер Лајен следната недела ќе ја посети Турција за да разговара за ситуацијата во Сирија
Брисел, 11 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во објава на Х по телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека планира да ја посети Турција за да разговара за ситуацијата во Сирија.
„Ќе се сретнеме на почетокот на следната недела во Турција за да разговараме што значат овие случувања во Сирија за регионот и пошироко“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа.
Таа ја истакна важноста од зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и заштита на малцинствата. зш/