Фон дер Лајен: Постигнавме многу за правата на жените, но патот до целосна еднаквост е се уште долг
- Во последните пет години презедовме невидена акција за правата на жените во Европа. Во закон го претворивме основниот принцип дека еднаква работа заслужува еднаква плата. Затоа што не постои ниту една причина зошто жената треба да биде помалку платена од мажот. Имаме деблокирана легислатива која беше заглавена десет години за вклучување повеќе жени во одборите на големите европски фирми, затоа што има толку многу квалификувани жени кои можат да го достигнат врвот, вели Фон дер Лајен во пораката.
Брисел, 8 март 2024 (МИА) - ЕУ го донесе првиот европски закон за ставање крај на насилството врз жените, затоа што не може да има еднаквост без ослободување од насилството, истакна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзината порака по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
- Но, патот до целосна еднаквост е се уште долг. Тоа бара внимание и посветеност, секој ден, од секој еден од нас, за да може следната генерација на жени конечно да го добие она што го заслужува: свет на еднакви права и можности за сите, порача Фон дер Лајен.
Таа нагласува дека денес жените се научници, извршни директори, војници, фудбалери, добитници на Нобелова награда..., а првпат во историјата на ЕУ има четири жени на чело на Европскиот парламент, Европската комисија, Европската централна банка и Европската инвестициска банка.
- Во последните пет години презедовме невидена акција за правата на жените во Европа. Во закон го претворивме основниот принцип дека еднаква работа заслужува еднаква плата. Затоа што не постои ниту една причина зошто жената треба да биде помалку платена од мажот. Имаме деблокирана легислатива која беше заглавена десет години за вклучување повеќе жени во одборите на големите европски фирми, затоа што има толку многу квалификувани жени кои можат да го достигнат врвот, вели Фон дер Лајен во пораката.
Нагласувајќи дека нејзините родители ја научиле дека мажите и жените се различни, а сепак еднакви, таа наведува дека во времето кога била мало девојче жените немале еднакви права со мажите и жената која сакала да работи морала да побара дозвола од својот сопругот, која пак може да и го раскине нејзиниот договор за работа, ако сметал дека таа ги занемарува своите домаќински обврски.
- Дури кога бев студент, жените во мојата земја го изборија правото да потпишат свој договор. И тогаш моравме да се бориме да ги претвориме нашите еднакви права во реалност, се потсетува Фон дер Лајен во пораката по повод Меѓународниот ден на жената. сп/
Фото: Икс