• петок, 22 ноември 2024

Фонсека по поразот од Ливерпул: Почнавме добро, но потоа примивме два гола од корнер кои го сменија текот на натпреварот

Фонсека по поразот од Ливерпул: Почнавме добро, но потоа примивме два гола од корнер кои го сменија текот на натпреварот

Милано, 18 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека се осврна на поразот од Ливерпул синоќа во натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите.

Милан поведе уште во 3. минута, но потоа прими три гола од англискиот тим кој доминираше на теренот.

- Почнавме добро, но потоа примивме два гола од корнер кои ја сменија играта. На овие натпревари не може да се прават грешки. Мислам дека не ни недостасуваше вистинскиот став. Тимот ја загуби рамнотежата и почна да прави грешки, кои се одлучувачки против тим како Ливерпул. Морам да кажам дека Ливерпул беше подобар. Кога работите одат добро, тимот е ентузијаст. Но, кога ќе се појават проблеми, на тимот му недостасува храброст да игра во истиот дух, изјави португалскиот фудбалски стручњак.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Милан го игра на 1 октомври против Баер во Леверкузен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан