• недела, 18 август 2024

Фонсека: Милан не одигра најдобро во првите 45 минути од мечот со Торино

Фонсека: Милан не одигра најдобро во првите 45 минути од мечот со Торино

Милано, 18 август 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека го оцени настапот на тимот во 1. коло од Серија А против Торино (2:2).

- Не очекував пред натпреварот дека ќе бидеме совршени во оваа фаза, но морам да кажам дека не одигравме најдобро во првите 45 минути. Се браневме пасивно. Во вториот дел се беше поинаку, бевме поагресивни. Имаме уште една недела физички да ги засилиме играчите. Според мене, генерално треба да го подобриме дефанзивното движење бидејќи тимот е малку пасивен. Сакам брзо да ја движиме топката и да не му даваме време на противникот да размислува. Во првото полувреме му дадовме време и простор на Торино мирно да ги подготви додавањата, изјави Фонсека, за „Football Italia“.

Во следниот натпревар Милан гостува кај Парма на 24 август, а Торино ден подоцна и гостува на Аталанта. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан