Фондот на ПИОСМ бара извинување од пратеникот Бране Петрушевски
- По изјавата дадена за медиумите денеска на (31.10.2022 година) од Бране Петрушевски - пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, со која директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна
Скопје, 31 октомври 2022
По изјавата дадена за медиумите денеска на (31.10.2022 година) од Бране Петрушевски - пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, со која директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Дритан Беџети, е обвинет за прикривање на имот и неподнесување на податоците до анкетниот список на Државната комисија за спречување на корупцијата, должни сме поради транспарентност, коректност и правична комуникација со јавноста да го објасниме следното.
Опишувајќи го како неразумен напад, како и неосновано обвинување, објаснуваме дека согласно законската обврска за именуваните лица, директорот на Фондот на ПИОСМ Дритан Беџети на 15 април 2022 година до Комисијата за спречување на корупцијата и го доставил пополнетиот прашалник/анкетниот лист и изјавата од страна на наведената институција. Оваа ја потврдуваме од print screen која е на веб-страницатата на Државната комисија за спречување на корупција, која е јавно достапна.
Затоа, констатирајќи дека пратеникот Бране Петрушевски упатил неиздржливо обвинение, можеби ги измешал имињата, очекуваме утре да се извини за ваквото оштетување на личноста на директорот на Фондот на ПИОСМ, Дритан Беџети. Во спротивно, ќе мора да се соочи со тужба за клевета.
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.