• петок, 13 септември 2024

Фолклорна манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“

Фолклорна манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела напладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покровителство на Општина Ѓорче Петров на која три години во континуитет по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат нашето богато фолклорно наследство. 

Целта на манифестацијата, како што велат од Општината, е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на Денови на Општина Ѓорче Петров.вј/лв/

Фото: Општина Ѓорче Петров

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан