• вторник, 13 август 2024

Флик по поразот од Монако: Немавме контрола, самодоверба и брзина

Флик по поразот од Монако: Немавме контрола, самодоверба и брзина

Барселона, 13 август 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е незадоволен од настапот на неговиот тим на пријателскиот натпревар со Монако.

Каталонците вчеравечер загубија на домашен терен со убедливи 3:0.

- Игравме добро во првите минути и создадовме многу добри шанси. Но, генерално денеска ни недостигаше контрола, самодоверба, брзина и прецизност во додавањето. Во вториот дел не можевме да ги поправиме нашите грешки. Тоа не беше најдобриот наш натпревар. Не игравме на нивото какви што бевме на турнејата во САД. Можеме да анализираме што сме направиле правилно и што не, а потоа да работиме на тоа на тренинзите, изјави Флик.

Очекува со доаѓањето на Дани Олмо да се подобри ефикасноста на тимот.

- Олмо е играчот што ни треба. Тој постигнува голови и дава одлучувачки придонес, додаде предводникот на Барселона.

Барселона во првото коло од новата сезона во Ла Лига ќе и гостува на Валенсија на 17 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан