• понеделник, 23 декември 2024

Флик е број 1 во Ла Лига за октомври

Флик е број 1 во Ла Лига за октомври

Барселона, 28 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше избран за број 1 меѓу своите колеги во Ла Лига за месец октомври.

Ова беше за очекување по одличниот настап на Каталонците, кои во текот на месецот ги добија сите три натпревари во шпанската лига, во кои постигнаа 12 гола, а примија само еден.

Во последното коло од шампионатот, Барса го совлада Реал Мадрид со 4-0 на гостински терен во првото издание на „Ел Класико“, по кое тимот на Флик има шест бода предност на табелата пред „белите“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан