• четврток, 26 декември 2024

Фицо: Идната недела вонредна собраниска седница за агресивните испади на протестите на опозицијата

Фицо: Идната недела вонредна собраниска седница за агресивните испади на протестите на опозицијата

Братислава, 2 декември 2024 (МИА) – Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска најави дека следната недела ќе се одржи вонредна седница на Парламентот на која ќе се расправа за „агресивни испади и однесување на протести и собири на опозицијата“.

Оваа одлука Фицо ја соопшти по состанокот на владината коалиција.

„На протестите носеа транспаренти на кои тврдеа дека атентатот врз премиерот не се случил, дека сите треба да бидеме приведени во полиција, не само јас и претседателот, туку и претставниците на Словачката национална партија и партијата Глас-СД“, рече Фицо.

Фицо додаде дека таа собраниска седница ќе отвори пат за расправа за извештајот за атентатот врз него од 15 мај. Тој, исто така, објави дека владејачката коалиција се согласила да го отфрли ветото на претседателот Петер Пелегрини на нацрт-предлогот за воведување посебна такса за барање информации од јавно значење.

Шефот на државата стави вето на тој предлог бидејќи таквата регулатива може да предизвика контроверзни толкувања во однос на неговата примена.

„Решивме да го усвоиме предлогот во форма во која првично беше донесен и усвоен“, рече Фицо. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан