• понеделник, 25 ноември 2024

ФИФА одлучи за форматот на Светското првенство во 2026 година

ФИФА одлучи за форматот на Светското првенство во 2026 година

Цирих, 14 март 2023 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи за форматот на Мундијалот во 2026 година. Ќе има 12 групи по 4 селекции и 104 натпревари во 39 дена.

 

ФИФА во четврток, на 16 март, има намера да го одобри новиот формат за Светското првенство во 2026 година.

 

Според „The ​​Athletic“, првично беше планирано да се поделат тимовите во 16 групи од 3 тима. Сепак, ФИФА реши да се откаже од оваа идеја за формат со 12 групи од по 4 тима, а во плејофот ќе се пласираат најдобрите осум третопласирани екипи, како и сите екипи кои завршуваат на првото и на второто место.

 

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Натпреварите ќе се одржат во 16 градови. Ова Светско првенство ќе биде најдолго во историјата: ќе трае 39 дена, во кои ќе бидат вклучени 104 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан