• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Енрике: Во Лигата на шампионите патот е трасиран со елиминирани фаворити

Енрике: Во Лигата на шампионите патот е трасиран со елиминирани фаворити

Бирмингем, 15 април 2025 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за реваншот против Астон вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Парижаните ќе играат на гости кај Астон Вила вечер со почеток во 21 часот. 

Првиот меч на домашен терен Пари Сен-Жермен го доби со 3:1.

- Ќе се обидеме да ги решиме проблемите што ќе ни ги создаде Астон вила. Нашата цел е победа. Мора да се фокусираме на нашите цели. Ако сме подготвени да издржиме, можеме да победиме. Се подготвуваме за секој можен развој на настаните. Дали сме фаворити? Во Лигата на шампионите патот е трасиран со фаворити кои се елиминирани. Го добивме првиот меч, но разбираме дека ништо не си гарантиравме бидејќи имаме амбиции. Сакаме да покажеме дека заслужуваме да стигнеме до полуфиналето, изјави Енрике пред вечерашниот реванш.

Во вториот натпревар закажан за вечер Барселона гостува во Борусија Дортмунд каде носи големи 4:0 од првиот натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан