• понеделник, 18 ноември 2024

Финансиска поддршка од Општина Битола за програми од социјална заштита

Финансиска поддршка од Општина Битола за програми од социјална заштита

Битола, 12 јануари 2024 (МИА) - Општина Битола објави јавен повик за прибирање понуди за програми и проекти кои ќе бидат финансирани од програмата за остварување на социјална заштита во 2024 година.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека проектните идеи треба да бидат во функција на формираниот Совет за превенција на детско престапништво, потоа Совет за социјална заштита, Локален економско социјален совет-ЛЕСС, како и за Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Совет за заштита на потрошувачи.

Сите апликации треба да бидат доставени до Сектор  за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија најдоцна до 25 јануари, а потоа оценување и селекција ќе изврши посебна комисија формирана од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан