• петок, 05 декември 2025

Филмот Made in EU на Стефан Командарев ја освои Големата награда на публиката на фестивалот во Хихон, Шпанија

Филмот Made in EU на Стефан Командарев ја освои Големата награда на публиката на фестивалот во Хихон, Шпанија

Софија, 22 ноември 2025 – Филмот Made in EU на режисерот Стефан Командарев ја освои наградата на публиката на 63-тиот Филмски фестивал во Хихон, Шпанија. Филмот триумфираше во конкуренција со 95 наслови, објавија организаторите.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Филмот, претставен на 39-тиот фестивал Киноманија, ја доби и наградата на критичарите на Филмскиот фестивал Арас во Франција на 17 ноември.

„За неколку дена, освоивме награда од критичарите во Франција и награда од публиката во Шпанија. Секој режисер сонува за таква комбинација! Ова покажува дека вредно кино може да биде и пријателско кон публиката – нешто во кое длабоко верувам и се обидувам да го постигнам во моите филмови! Честитки до сите со кои го направивме Made in EU!“, рече Стефан Командарев.

Made in EU веќе се прикажува е во кината низ целата земја. Филмот ја раскажува приказната за шивачка од мал град и нејзиниот син. Ива е обвинета дека е причина за појава на пандемија во заедницата и станува жртвено јагне за систем кој со години профитира од нејзиниот труд. Филмот е сниман во Хасково, Димитровград, Мадан и Рудозем. Во филмот глумат Гергана Плетњова, Тодор Коцев, Герасим Георгиев-Геро, Ивајло Христов, Анастасија Ингилизова, Иван Бурнев, Ованес Торосијан, Мартина Пенева и други.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан