• вторник, 19 ноември 2024

Филипче: Без групирања за Велигден, влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата

Филипче: Без групирања за Велигден, влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата
Скопје, 16 април 2020 (МИА) - Категорично останувам на ставот дека не смее да има какво било групирање на граѓаните за време на Велигденските празници и дека тие доследно треба да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој, од првата негова онлајн прес-конференција одржана на јутјуб каналот, порача дека сите имаме одговорност и дека собирања од каков било тип се огромен ризик. -Оваа форма на групирања воопшто не ја одобрувам. Апелирам до граѓаните ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките, подвлече Филипче. мч/дма/  

Остани поврзан