• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Мојот личен став е дека треба да се поддржи интерпелацијата за Гаши

Филипче: Мојот личен став е дека треба да се поддржи интерпелацијата за Гаши

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи. Не само ние, институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, дозволете  ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше на почетокот на новата учебна година во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.

На новинарско прашање за средбата со поранешната министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и дали ако се утврдат неправилности ќе побара таа да се повлече од функциите, лидерот на СДСМ  смета дека партијата на власт треба да ги даде сите документи на институиците, а не да тера партиски ПР.

-Сметам дека е апсолутно недозволиво партија којашто е на власт да користи такви информации и само да ги сервира на партиски прес конференции. Тоа е на еден начин партиски ПР, којшто не знам како им користи, веројатно тие си знаат. Треба да интервенираат и да ги дадат сите документи коишто ги имаат во институциите, тие да си отворат постапки и доколку се утврди некаква одговорност и преку таа одговорност да се преземат соодветни мерки, рече Филипче.

На прашање каков е неговиот став во врска со изјавата на претседателот на Уставниот суд за употребата на Законот за јазците, кој бил донесен кога СДСМ беше на власт и евентуалното укинување на овој закон може да има последици и да предизвика немри, претседателот на СДСМ рече дека не би коментирал изјава на ниту една друга инстутиција и колку што тој знаел Уставниот суд не одлучувал за севкупна употреба на Законот за јазици туку за парцијална. Во однос на тоа партијата ќе зазела став и во текот на следните денови ќе го соопштела на јавноста. рт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан