• понеделник, 23 декември 2024

ФИА го одложи објавувањето на финансиските извештаи на тимовите во Формула 1 за 10 октомври

ФИА го одложи објавувањето на финансиските извештаи на тимовите во Формула 1 за 10 октомври
Лондон, 6 октомври 2022 (МИА) - Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) го одложи објавувањето на финансиските извештаи на тимовите во Формула 1 за понеделник, 10 октомври. Ова се должи на потребата од разјаснување на конечните показатели, се вели во соопштението на федерацијата. Претходно беше објавено дека тимот на Ред Бул ги прекршил финансиските прописи на Формула 1 минатата сезона. Според прописите, во случај на надминување на буџетскиот плафон, што е уште посериозно, тимот ќе биде казнет со одземање на позиции во генералниот пласман. Во сезоната 2021 година, Ред Бул заврши на второто место во шампионатот за конструктори, заостанувајќи 28 поени од Мерцедес. зс/

Остани поврзан