• недела, 22 декември 2024

Фејсбук забранува секакви содржини што го негираат Холокаустот  

Фејсбук забранува секакви содржини што го негираат Холокаустот  

Вашингтон, 12 октомври 2020 (МИА) - Фејсбук ќе забрани секакви содржини што го негираат Холокаустот, објави денеска социјалната мрежа

За оваа тема изјава даде и основачот на Фејсбук, Марк Цукербер, порачувајќи дека тоа е доволно сериозна промена на политиката на социјалната мрежа. 

-Ние уште одамна ги бришиме статусите во кои се воспеваат злосторства на почва на омраза или масовните убиства, вклучувајќи го Холокаустот. Но со подемот на антисемитизмот, ние ја рашируваме политиката и забрануваме содржини кои го негираат Холокаустот или извртената информација за него, напиша Цукерберг. 

-Ме измачуваа противречјата меѓу неопходноста да се поддрже слободата на говорот и штетите предизвикан од намалувањето или негирањето на ужасите на Холокаустот. 

Фејсбук, како и другите социјални мрежи, блокира разноразни содржини поради низа причини, но е против цензура. Цукерберг претходно изјави дека Фејсбук ги менува правилата за блокирање и не дозволува тие да бидат форма на цензура, а само начин да се отстрани шетниот контент. Тој потоа го критикуваше Твитер кој некои твитови на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги одбележува дека им е потребна проверка. кб/ сд/

Остани поврзан