• понеделник, 16 септември 2024

Фестивалот „Албански театар во Македонија“ во Дебар, од 25 до 30 септември

Фестивалот „Албански театар во Македонија“ во Дебар, од 25 до 30 септември

Дебар, 16 септември 2024 (МИА) - Во Националната установа Центар за култура во Дебар од 25 до 30 септември ќе се одржи 23 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, како што информираше за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Драч, Подујево и Прешево.

По подолг период ќе има претстава и на македонски јазик.

Пред дебрани на 28 септември во 19.30 часот ќе настапи Македонскиот народен театар-Скопје со претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи.

Фестивалот свечено ќе го отвори градоначалникот Хекуран Дука на 25 овој месец во 19:20 часот, а први пред дебарската публика заедно ќе настапат актерите од гостиварски театар и театарот „Александар Моисиу“ од Драч, во претставата „Отворениот пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити.

Следните денови ќе настапат театарот од Тетово, Албански театар- Скопје, Македонски народен театар-Скопје, Театарот „Авдуш Асани“ од Подујево, рече Нуредини.

На последната фестивалска вечер ќе биде изведена претставата „Графити“ од Мехмет Краја во изведба на театарот од Прешево, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

- Голема благодарсност до македонското министерство за култура, кое годинава ни додели 750 илјади денари и секако општина Дебар, од каде очекуваме поддршка од 700 илјади денари. Секако, благодарност и до другите донатори. И во оваа прилика сакам да го повторам барањето за институционализирање на фестивалот, што со години наназад го поставуваме. Очекувам конечно тоа да биде реализирано, посочува Нуредини за МИА.

Фестивал е дел од културните активности во рамки на манифестацијата „Дебарско култуно лето 2024“. вт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан