• недела, 07 јули 2024

Фернандеш: Не го користете моето име за да го нападнете Роналдо

Фернандеш: Не го користете моето име за да го нападнете Роналдо

Манчестер, 15 јануари 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш реагираше на однесувањето на навивачите по дербито со Манчестер Сити (2:1).

По победата, фудбалерот изјави дека играчите на клубот изгледаат „како вистински тим“.  Многумина ова го протолкуваа како „пецкање“ на Кристијано Роналдо, кој во ноември го напушти Манчестер јунајтед.

- Не го користете моето име за да го напаѓате Роналдо. Кристијано беше дел од нашиот тим во првата половина од сезоната. Продложуваме понатаму, изјави Фернандеш.

По 18 натпревари, Манчестер јунајтед е трет во табелата во Премиер лигата со 38 бодови. Лидер е Арсенал (44 бодови на 17 натпревари). зс/

Остани поврзан