• недела, 22 декември 2024

Фенербахче разгледува опции за влез во друга европска лига

Фенербахче разгледува опции за влез во друга европска лига

Истанбул, 25 март 2024 (МИА) - Во Турција продолжуваат да се шират информации дека Фенербахче е подготвен да го напушти локалниот шампионат, па дури и да се обиде во иднина да влезе во друга лига од Европа.

Според фудбалскиот коментатор Ертем Сенер, раководството на турскиот клуб разгледува неколку опции кои звучат сензационално. Станува збор за првенствата во Белгија, Холандија, Шпанија, Франција и Италија. Секако, дури и да се донесе таква одлука, не е јасно дали споменатите федерации би се согласиле да го вклучат 19-кратниот шампион на Турција во нивните првенства.

Во Фернербахче почнаа да размислуваат за ваква невидена одлука по скандалите по мечот со Трабзонспор, кога навивачите на ривалот нападнаа играчи на „жолто-сините“. Клубот е крајно разочаран што сè уште не е преземено посериозно дејствие по инцидентот и генерално се на мислење дека клубот бил неправедно третиран од властите во Турција во последните години.

Информациите од Турција велат дека клубот свикал вонреден состанок на 2 април за да одлучи дали тимот ќе продолжи да игра во Супер лигата или ќе ја напушти целосно Турција.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан