• петок, 22 ноември 2024

Федерер: Можеби во Алкараз гледаме комбинација од квалитетите на големата тројка, но сепак Карлос е Карлос

Федерер: Можеби во Алкараз гледаме комбинација од квалитетите на големата тројка, но сепак Карлос е Карлос

Њујорк, 17 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден Роџер Федерер реагираше на зборовите на Србинот Новак Ѓоковиќ за стилот на игра на Шпанецот Карлос Алкараз. 

Ѓоковиќ претходно истакна дека Алкараз го зел најдоброто од играчите на големата тројка. 

- Гледам моќ во неговата игра на десната страна - тоа е нешто во стилот на Рафа. Можеби е присутна и мојата техника – „дроп шотс“ и „кат шотс“. Може да игра на основната линија како Рафа. Исто така, тој има некои одбранбени вештини како Новак, но Ѓоковиќ очигледно е на поинакво ниво бидејќи кога го правиш тоа со години, во суштина стануваш лидер. Како Рафа на земјена подлога. Можеби во Карлос гледаме комбинација од нашите квалитети, но од друга страна, неправедно е да се каже така, бидејќи Карлос е Карлос, Новак е Новак, а Рафа е Рафа. Не ми се допаѓа кога има премногу споредби. Ми се допаѓа кога секој се оценува поединечно, ги цитира „Тенис365“ зборовите на Федерер. 

Дваесетгодишниот Алкараз е победник на два Грен слем турнири (УС Опен 2022 и Вимблдон 2023), како и на 12 АТП турнири во сингл. Моментално е на второто место на светската АТП ранг листа. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан